Филипче: Власта има 5,5 милиони евра за Дејвид Гета, за лозарите нема пари

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при посета на Тремник во Неготинско оствари средба со лозари, на која се разговарало за проблемите со откупот и ниските цени на грозјето.

Според СДСМ, лозарите на средбата посочиле дека црното грозје од сортата Вранец тешко се откупува и дел од количините остануваат непродадени, додека белото грозје се откупува по цена од околу 14 денари за килограм.

Филипче оцени дека лозарите се соочуваат со сериозна криза и дека вложениот труд и средствата им пропаѓаат, а Владата, според него, не презема доволно мерки за помош.

„Власта има 5,5 милиони евра за Дејвид Гета, а за лозарите нема пари“, изјави Филипче.

Тој додаде дека проблемите не се ограничени само на Неготинско, туку, според информациите со кои располага СДСМ, ги засегаат лозарите и во други делови од Македонија.

Филипче потсети дека во периодот кога СДСМ беше на власт биле носени интервентни мерки и биле зголемувани субвенциите, а најави дека партијата повторно ќе предложи мерки за поддршка на лозарите.

„Ќе направиме предлог мерка за поддршка на лозарите согласно состојбата на терен, колку од лозарите имаат предадено грозје за откуп, колку немаат, колку од грозјето скапува по нивите и од дождот, и според тоа во најкус рок ќе дадеме соодветен предлог во Собранието за помош на лозарите“, рече Филипче.

Од СДСМ наведуваат дека уште на почетокот на откупот предложиле зголемување на откупната цена за пет денари по килограм, укинување на осумпроцентниот попуст што се бара за побрза исплата и интервентен државен откуп на црното грозје кое ќе остане непродадено.

Партијата тврди дека Владата не ги прифатила овие предлози и предупредува дека проблемите со откупот може да доведат до намалување на површините под лозови насади и до пад на производството.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?