Голем број европски земји учествуваат во активностите за прифаќање и лечење на повредените во Кочани

Министерството за здравство на Северна Македонија информира дека во Клиничкиот центар од раните утрински часови работи кризен штаб, во тесна координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи. Здравствените тимови се целосно ангажирани за давање соодветна медицинска нега, а внимателно се следи состојбата на сите пациенти, при што се носат конзуларни одлуки за понатамошни медицински процедури.

Повеќе од 140 пациенти се лекувани денеска, прифатени во неколку здравствени установи низ државата:

  • Клинички центар – 20 пациенти
  • ГОБ „8. септември“ – 20 пациенти
  • Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 21 пациент
  • Клиничка болница Штип – 20 пациенти
  • Општа болница Кочани – 7 пациенти
  • Клиника за токсикологија – 2 пациенти

Покрај медицинската нега во земјата, некои пациенти беа префрлени во здравствени установи во повеќе европски земји:

  • Турција: Во Истанбул пристигнаа 3 пациенти, а 6 пациенти во Анкара.
  • Бугарија: 14 пациенти се хоспитализирани.
  • Грција: 4 пациенти.
  • Србија: 5 пациенти уште вчера беа хоспитализирани, а дополнителни 12 пациенти беа пренесени во Белград со воен авион.
  • Хрватска и Романија: 4 пациенти во секоја од овие земји.
  • Словенија, Унгарија и Австрија: Од овие земји пристигнуваат медицински лица и авиони за транспорт на пациенти.

Засегасите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега.

Како дополнителна поддршка во справувањето со кризата, во земјава пристигна медицински тим од белградската Воено-медицинска академија, а се очекува и медицински тимови од Чешка, Израел и Белгија да ги здружат напорите за обезбедување соодветна здравствена заштита.

За сите информации поврзани со состојбата на пациентите во странство, за лице за контакт е назначен проф. д-р Игор Николов, кој е достапен на телефонскиот број: +389 72 270 648.

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите релевантни институции и меѓународни партнери за понатамошна координација и поддршка.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Најмладата жртва имала само 14 години.

Полицијата набрзо го приведе Александар Карадакоски, сопственикот на фирмата „ММММ Кафе Доел Кочани“, која раководеше со дискотеката „Пулс“.

Во тек се активности на Јавното обвинителство за обезбедување на останатите осомничени со решенија за притвор.

Зачлени се на нашиот е-билтен