Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мадиќ: Не може да генерализираме дека судството и обвинителството се тотално корумпирани

„Забелешките на првичниот текст на Законот за рестриктивни мерки беа од Минстерството за правда како институција. Ние заедно настапуваме со министерот кога ги браниме законите и мислењата. Тогаш сe имаше предвид дека треба да бидат усогласени и другите закони со оној текст што беше предложен, пред да може да се донесе“, рече заменик-министерката за правда Викторија Мадиќ во утринската програма на „Слободен печат“.

Таа додаде дека откако денес ќе се погледне новиот предлог закон од МНР, Министерството за правда ќе се произнесе за него и ја демантираше информацијата пренесена од Слободен печат и други медиуми дека од Министерство за правда  е излезен став со коментари за новиот текст на Законот за рестриктивни мерки.

„Не станува збор за никакви политички неусогласувања, туку само укажување. Министерството за правда и Секретаријатот за законодавство се тука да укажат како да се подобрат законските решенија. Немаше неусогласување, туку само укажување“, рече Мадиќ.

Заменик-министерката за правда рече дека откако денес ќе се види новиот предлог на законот, Министерството за правда ќе помогне да се усогласат и другите закони кои во итна постапка ќе одаат во собраниска процедура.

Судскиот совет и Советот на јавните обвинители треба да се одважат и да ги покажат поединците кои го рушат угледот на судството, посочи Мадиќ.

„Секој судија носи одлука самостојно и независно. Судскиот совет и Советот на јавните обвинители се институции што треба да се одважат, бидејќи во нивни раце е палката за избор и разрешвуање на судии и обивнители“, рече заменик-министерката за правда.

Таа додаде дека станува збор за поединци кои го рушат угледот на судството, а советите се тие што треба да се одважат и по допрен глас и сами меѓу себе да си ги покажат поединците.

„Не може да генерализираме и да кажуваме дека судството и обвинителството се тотално корумпирани“, рече Мадиќ.

Заменик-министерката додаде дека во Министерството за правда има работна група која работи на нов Закон за судски совет и анализа за тоа дали и како функционира овој Судски совет и заедно со Извештајот на оценксата мисија на ЕУ ќе се донесат решенија.

Зачлени се на нашиот е-билтен