Мајка од Кавадарци пријавила дека ќерка ѝ ја гореле со цигара

Прилеп

Малолетно девојче од Кавадарци било нападнато од две други малолетнички, според пријавата што нејзината мајка ја поднела во полиција. Во пријавата се наведува дека едната ја држела, додека другата ја горела со цигара, соопшти СВР Велес.

Настанот, според пријавеното, се случил на 16 ноември на улицата „Сремски фронт“ во Кавадарци. Мајката го пријавила случајот два дена подоцна, на 18 ноември во 22:30 часот, во Одделението за внатрешни работи Кавадарци.

За случајот се известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Кавадарци. Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?