Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Македонски активисти ги израдуваа децата од Требиште со новогодишни пакетчиња

Поранешниот градоначалник на општина Пустец и истакнат поборник за правата на Македонците, Едмонд Темелко, заедно со активистите Елена Симоновски од Тирана и Бесник Хасани од Голо Брдо, го посетија селото Требиште, најголемото населено место во областа, каде ги израдуваа најмладите со новогодишни пакетчиња.

Темелко изрази задоволство од успешната акција, истакнувајќи дека заедничката цел е исполнета.

„Посетата беше насочена кон внесување радост и насмевки кај најмладите Македончиња во пресрет на празниците. Во топла атмосфера, децата добија пакетчиња кои внесеа неизмерна среќа. Радоста на нивните лица е нашиот најголем мотив за продолжување со вакви активности кои им покажуваат на Македонците од оваа област дека не се заборавени,“ изјави Темелко за МИА.

„Срдечна благодарност до ‘Витаминка’ за нивната несебична поддршка. Оваа акција е доказ дека солидарноста и заедничките заложби можат да донесат радост и надеж,“ додаде Темелко.

Тој најави дека утре ќе ги продолжат активностите со посета на општина Пустец, каде ќе бидат поделени новогодишни пакетчиња за најмладите жители.

Зачлени се на нашиот е-билтен