Во повеќе градови во државата е во тек полициска акција за сузбивање на неовластеното производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, информира МВР.
Неофицијално, претреси се вршат во Прилеп, Битола и околните населени места.
Акцијата ја спроведува Одделот за организиран и сериозен криминал, под раководство на јавен обвинител од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
МВР најави дека детали за преземените активности и резултатите ќе соопшти по завршувањето на операцијата.
