Приведени тројца возачи од кумановско поради управување возило под дејство на алкохол

При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници од СВР Куманово привеле тројца возачи од кумановско, поради управување возило под дејство на алкохол.

Како што стои во соопштението на МВР, лишени од слобода биле Н.М. (28) од с. Биљановце, В.К. (42) од с. Доброшане и Б.Д. (28) од с. Табановце, откако било констатирано дека лицата управуваат возило под дејство на алкохол, по што веднаш биле исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица.

Додаваат дека кај Н.М. било констатирано дека има 1,68 промили алкохол во крвта, кај В.К. – 1,69 промили, додека кај Б.Д. – 1,56 промили алкохол во крвта.

– Денеска (10.05.2025) во 01.30 часот на регионалниот пат Куманово-Св.Николе, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.М.(28) од с.Биљановце, кумановско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Н.М. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,68 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица; Исто така, денеска (10.05.2025) во 01.55 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.К.(42) од с.Доброшане, кумановско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал В.К. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,69 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица; Денеска (10.05.2025) околу 03 часот на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Д.(28) од с.Табановце, кумановско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Д. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,56 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случаите, против овие лица ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението на МВР.

Зачлени се на нашиот е-билтен