СДСМ: Буџетскиот дефицит оди над 900 милиони евра

Филипче

СДСМ тврди дека економската политика на Владата на Христијан Мицкоски не дава резултати и дека буџетскиот дефицит годинава ќе надмине 900 милиони евра, односно околу 5 проценти од БДП.

Од партијата се повикуваат на податоци од Министерството за финансии и оценуваат дека планираниот дефицит практично е веќе потрошен, додека приходите потфрлаат и се отвора простор за ново задолжување.

Според СДСМ, дополнителен проблем е состојбата во ПИОМ, каде што, како што тврдат, недостигот достигнува околу една милијарда евра. Партијата наведува и дека во вториот квартал од 2026 година биле регистрирани само 18 милиони евра инвестиции, додека задолжувањето, според нивните пресметки, било зголемено за околу четири милијарди евра.

СДСМ ја критикува и најавата за нов ребаланс на Буџетот, само неколку месеци по претходниот, оценувајќи дека тоа ќе биде проследено со ново задолжување.

Од партијата велат дека граѓаните веќе го чувствуваат притисокот од повисоките цени и слабата куповна моќ, а Владата, според нив, не презема доволно мерки за подобрување на животниот стандард.

Во соопштението, СДСМ ја поврзува економската состојба и со најавите за проекти поврзани со природни ресурси, рударство и енергетика. Од партијата тврдат дека Мицкоски, поради недостиг на економски резултати, посегнува по модел кој тие го опишуваат како „распродажба на националните богатства“.

„Тоа не е економска стратегија, туку распродажба на Македонија“, наведуваат од СДСМ, обвинувајќи ја Владата дека ризиците и трошоците ги префрла врз граѓаните.

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?