Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СДСМ, ЛДП, ДОМ и ДУИ бараат итна седница на Советот на Град Скопје за помош на настраданите во земјотресите во Турција

Советничката група на СДСМ и коалицијата, како и советниците од политичката партија ДУИ и советници од ДОМ и ЛДП, денеска поднесоа барање за свикување на итна седница на Советот на Град Скопје, соопштуваат од СДСМ.

На вонредната седница предвидена е една точка на дневен ред односно Одлука за давање помош на настраданите граѓани во катастрофалниот земјотрес во Република Турција, за што е подготвена и доставена соодветна Предлог Одлука.

„Според Предлог Одлуката се предвидува, како израз на солидарност кон граѓаните на Република Турција, од подрачјата зафатени со катастрофалниот земјотрес да се додели парична помош во износ од шест милиони денари, односно близу 100 000 евра.

Овие средства можат да се обезбедат од Буџетот на Град Скопје за 2023 година, односно потпрограма А0, ставка 412, односно постојана резерва (непредвидливи расходи).

Очекуваме претседателот на Советот веднаш да свика вонредна седница, а од мнозинството советници одлуката да биде изгласана.

Град Скопје како град на солидарноста и пред своите граѓани и пред светот има одговорност согласно своите можности да помага на секој град кој се соочува со несреќи и природни катастрофи, каков што е страотниот земјотрес во Турција“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен