Советниците од СДСМ во Општина Прилеп ја напуштија седницата на Советот откако не им беше прифатена нивната предлог точка за состојбите со чистењето на улиците во градот, а градоначалникот Борче Јовчески не се појави на седницата.
Советникот Александар Китаноски, истакна дека Прилеп е претворен во огромен скијачки центар.
„Јовчески го претвори Прилеп во скијачки центар…ул.Петта Прилепска е одлична за слалом, ул. Борка Талески за спуст, а сите останати за уметничко лизгање. Не овозможи само услови за ноќно скијање бидејќи нема улично осветлување“, рече советникот Китановски.
Тој додаде дека додека градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев им овозможил на граѓаните скијачки центар на 50 километри од градот, но Јовчески се потрудил тие скијачкиот центар да го имаат дома.