СДСМ: Во владината коалиција владее хаос, реконструкцијата е „тепачка за фотелји“

СДСМ

Опозициската СДСМ оцени дека најавената реконструкција на Владата е резултат на внатрешни судири и борба за позиции во владејачката коалиција, а не на потреба од подобрување на работата на институциите.

Во партиско соопштение, СДСМ тврди дека во коалицијата владее „хаос“ и дека процесот на реконструкција претставува „тепачка за фотелји“.

„Додека на јавноста ѝ се претставуваат добри резултати, зад затворените врати на Белата палата се води тепачка за позиции и лична добивка“, наведуваат од СДСМ.

Од партијата тврдат дека постојат несогласувања и во рамки на коалицискиот партнер ЗНАМ, како и меѓу дел од министрите во Владата. Според нив, реконструкцијата отвора прашање за тоа дали Владата навистина ги постигнува резултатите што ги претставува пред јавноста.

СДСМ ја обвини Владата и за зголемување на јавниот долг, наведувајќи дека во изминатите две години државата се задолжила за 2,5 милијарди евра.

Во соопштението се посочува и дека граѓаните се соочуваат со економски тешкотии, додека, според опозициската партија, власта е фокусирана на внатрешни пресметки и распределба на функции.

Од СДСМ порачаа дека во иднина ќе има „време на вистина и правда“ и враќање на државата на европскиот пат.

Засега нема реакција од Владата и од партиите споменати во соопштението на СДСМ во однос на овие обвинувања.

Најчитано