Скопјанец исчезнал кај Охридското Езеро

Охридско
MirkoS18, CC BY-SA 4.0 , via Wikimedia Commons

Полицијата информира дека вчера во 18.10 часот во СВР Охрид, З.С. од Скопје, пријавил дека неговиот син Б.С.(32) од Скопје, со кого престојувал во автокамп во Охрид го напуштил кампот по што, на плажата пронашол дел од неговите алишта, мобилен телефон и гумен чамец.

„Веднаш по добивањето на пријавата, полициски екипи од езерската полиција и од СВР Охрид заедно со членови на спасителската планинарска служба и на нуркачки тим од нуркачкиот клуб „Охрид”, вршат пребарување во езерските води и на копно со цел негово пронаоѓање и расчистување на настанот“ велат од МВР.

Подетални информации се очекуваат во текот на денот.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?