Скринингот за рак на дојка ќе се менува, Клековски најави нов модел

„Јавачи на епидемијата“

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во Македонија, а околу 7.000 пациентки во моментов се лекуваат или претходно се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски.

На „Розовиот пикник појадок“ во Градски парк тој најави дека скрининг-програмата за рак на дојка ќе биде целосно преиспитана.

Според Клековски, сегашниот модел не ги дал очекуваните резултати, што, како што посочи, било констатирано и во извештајот на Државниот завод за ревизија.

„Мораме комплетно да го премислиме концептот и се надевам дека многу бргу, заедно со ХЕМА-ОНКО, ќе промовираме нов концепт за скрининг-програмата“, рече Клековски.

Тој нагласи дека раното откривање е клучно за успешно лекување на болеста и дека превенцијата треба да добие поголем приоритет.

Министерот информираше и дека два лека за рак на дојка се префрлени на позитивната листа, со што пациентките на хронична терапија можат да ги подигнуваат во аптека, наместо да одат на Клиниката за онкологија.

Според него, снабдувањето со терапија во моментов е стабилно, но Министерството разгледува дополнителни мерки за да се намалат можните прекини во испораката.

Од ХЕМА-ОНКО посочија дека Македонија во моментов нема целосно функционална скрининг-програма и повторно ја нагласија важноста на самопрегледите и навременото јавување кај лекар.

Ана Марјановиќ од здружението рече дека кај жените кај кои ракот на дојка е откриен во рана фаза, шансите за успешно лекување се исклучително високи.

Годинава е воведен и тумор-борд за пациентките со рак на дојка, во кој одлуките за лекувањето ги носи мултидисциплинарен тим од онколози, торакални хирурзи, радиолози и патолози.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Не, немам доверба дека знаеме што навистина јадеме 1391 (64%)
64 %
Делумно, но потребни се почести и построги контроли 430 (20%)
20 %
Не можам да проценам, недостигаат доволно информации 233 (11%)
11 %
Да, контролите се доволни и храната е безбедна 113 (5%)
5 %

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Не, немам доверба дека знаеме што навистина јадеме 1391 (64%)
64 %
Делумно, но потребни се почести и построги контроли 430 (20%)
20 %
Не можам да проценам, недостигаат доволно информации 233 (11%)
11 %
Да, контролите се доволни и храната е безбедна 113 (5%)
5 %