Уапсен скопјанец осомничен за кражби на велосипеди, полицијата одзеде 12

Полицијата уапси 32-годишен скопјанец осомничен за повеќе тешки кражби на велосипеди во Аеродром, Центар и Кисела Вода. Во рамки на случајот се одземени 12 велосипеди, а дел од нив веќе се вратени на сопствениците, соопшти МВР.

Ѓ.П.(32) е уапсен на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје. Според Министерството, постојат основи на сомнение дека извршил повеќе тешки кражби на подрачјата на трите скопски општини.

Од него се одземени вкупно 12 велосипеди од различни локации.

По целосното документирање на случаите, полицијата ќе поднесе соодветна кривична пријава против осомничениот.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?