Зимската служба за одржување на патиштата работи со полн капацитет

Ставена е на располагање целата зимска механизација на ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта за претстојните зимски услови на патиштата, ова го утврдија министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорите на Јавните претпријатија за патишта, Ејуп Рустеми и Костадин Ацевски, при денешната обилколка на автопатските пунктови за одржување на државните патишта.

„На 38 зимски пунктови на ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта низ земјата ставени на располагање се 181 камион и 73 машини за зимско одржување на државните патишта. Во овој момент Јавното претпријатие располага со 12.800 тони сол и дополнително околу 20.000 тони кубни ризла“, соопштуваат од Министерството за транспорт и врски.

Директорот на Јавното претпријатие истакнува дека зимските служби работат деноноќно за да се обезбеди непречено и нормално функционирање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

Tags: Благој БочварскиЗимска службаодржување на патиштата

НАЈНОВО

Запленети половина тон тутун за наргиле и над 2 илјади парчиња електронски цигари

 JANUARY 27, 2023

Зимската служба за одржување на патиштата работи со полн капацитет

 JANUARY 27, 2023

ЦИВИЛ: На светот му се потребни сили што меѓусебно се поврзуваат и почитуваат, а глобалното зло, Холокаустот, да остане во темното минато

 JANUARY 27, 2023

НАЈЧИТАНО

Зачлени се на нашиот е-билтен