Фондацијата Заев – Едно општество за сите, го започна серијалот на “Успешни приказни” со порака до сите граѓани, посебно до младите луѓе, дека може да се биде успешен и во нашата држава.
„Овде е борбата. Овде се случува европеизација на државата. Овде се реформите што треба да ги правиме. Во Северна Македонија допрва ќе се крева економскиот стандард на граѓаните и ќе се унапредува животот на народот. Сите овие предизвици се поголеми дома и имаат поголемо вредносно значење за сите нас како граѓани на оваа држава. Во другите земји од Западна Европа, тоа е веќе постигнато. Затоа треба тука да работиме и вложуваме за наш личен успех, но и за успехот на државата и граѓаните. Со работниот и интелектуалниот капацитет и квалитетот кој го поседуваме може да се напредува и успева и дома. Тука се остава трага. Тука, дома, може да оставите свој личен печат“, се вели во објавата на порталот на Фондацијата заев – Едно општество за сите по повод стартот на серијалот.
За почеток на серијалот Асс Д-р Наталија Цоклеска Шунтов, детски хирург во ЈЗУ Клиника за детска хирургија ја раскажува својата Успешна приказна.