Членовите на американскиот Конгрес повикаа на реевалуација на бизнис односите на Соединетите Американски Држави со Хонгконг. Американските законодавци предупредија дека овој азискиот финансиски центар, стана центар за перење пари и затајување санкции под сè построгата контрола на Пекинг. Си-Ен-Ен, пренесе дека конгресмените повикаа на преоценување на бизнис односи на Соединетите Американски Држави со Хонгконг.
Во писмото до американската министерка за финансии, Џенет Јелен, Комитетот на Претставничкиот дом на Белата куќа за Кина побараа поголем надзор од Вашингтон над финансиски сектор во Хонгконг, кој има повеќе од една петтина од бруто домашниот производ на Кина, а исто така е и седиште на многу големи американски банки.
„Хонгконг стана светски лидер во недозволени практики, вклучително и извоз на контролирана западна технологија во Русија, создавање на лажни компании за купување иранска нафта и управување со „бродови духови“ кои се занимаваат со нелегална трговија со Северна Кореја“.
Американските пратеници истакнуваат дека од воведувањето на законот за национална безбедност во градот во 2020 година, „Хонгконг од доверлив глобален финансиски центар стана критичен актер во продлабочувањето на авторитарната линија на Кина, Иран, Русија и Северна Кореја.“
Во писмото на Комитетот се цитира истражување објавено оваа година, кое покажува дека „40 отсто од стоките испратени од Хонгконг во Русија меѓу август и декември 2023 година биле означени како приоритетни и најверојатно ќе се користат за производство на воена стока во Москва, како што се проектили и авиони“.