Австриската полиција уапси 14-годишно момче кое планирало напад во Виена

Австриската полиција уапси 14-годишно момче под сомнение дека планирал напад во железничка станица Вестбанхоф во Виена, јавија денеска австриските медиуми.

Тинејџерот е уапсен на 10 февруари, а во неговиот дом се пронајдени предмети кои сугерираат дека ја поддржува Исламската држава.

Извештајот следи по нападот со нож во јужниот град Филах во саботата, во кој 23-годишен сириски бегалец е осомничен дека убил тинејџер и ранил пет лица.

Како што соопштија австриските власти, момчето се радикализирало откако гледало исламистички видеа на социјалните мрежи.

Зачлени се на нашиот е-билтен