Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ФИФА го прикажа Крим како дел од Русија, Украина бара извинување

На мапата која ФИФА ја прикажа за време на жрепката за квалификациите за Светското првенство во 2026 година, полуостровот Крим не беше дел од Украина, поради што официјален Киев побара јавно извинување.

На мапата на ФИФА се прикажани земјите кои не можеа да играат една против друга од политички причини, на неа Крим не е вклучен во границите на Украина.

https://twitter.com/SpoxUkraineMFA/status/1867904707982946605

Русија го анектираше украинскиот полуостров во 2014 година – чекор кој беше осуден од меѓународната заедница.

„Не само што постапивте спротивно на меѓународното право, туку и ја поддржавте руската пропаганда, воените злосторства и криминалната агресија против Украина“, напиша портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Георгиј Тихи на социјалната мрежа X. Тој побара јавно извинување од ФИФА.

Портпаролот на ФИФА рече дека графиката е веќе отстранета од видеото и дека прашањето се разговара со украинските претставници.

Зачлени се на нашиот е-билтен