Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ДУИ: Изет Меџити останува без надлежности во Министерството за животна средина по обвинувањата од граѓаните дека барал „мито“, за административни услуги

Изет Меџити, министерот за животна средина ја злоупотребува службената должност, тврди ДУИ, во соопштението испратено до медиумите. Од таму информираат дека граѓаните се жалеле дека за административните услуги морале да дадат „мито“. Интегративците ги повикува правосудните органи веднаш да отворат истрага за одговорните, како и да обезбедат граѓаните и бизнисите повеќе да не бидат жртви на државна уцена и корупција.

„Демократската унија за интеграција (ДУИ) го разоткрива големиот скандал што се случува во Министерството за животна средина, каде што по контрола спроведена од Инспекторатот за администрација е потврдено злоупотреба на службената должност од страна на министерот Изет Меџити и неговиот кабинет. Врз основа на решението на Инспекторатот за администрација со број 11-1653/2024 од 17.01.2025 година, Изет Меџити е целосно лишен од своите надлежности, кои се пренесени на Дирекцијата за животна средина“, стои во соопштениети на интегративците..

ДУИ, ја информира јавноста дека со оваа одлука, новиот директор е задолжен да не испраќа на потпис во кабинетот на Меџити ниту еден документ од клучните сектори на министерството, вклучувајќи го Секторот за природа, води, отпад, животна средина и индустриско загадување. 

„Овие сектори сочинуваат над 70% од надлежностите на Министерството за животна средина, што го прави овој потег невиден преседан. Оваа мерка е донесена како резултат на бројни поплаки и пријави од граѓани и компании кои биле условувани од кабинетот на Меџити да даваат мито во замена за административни услуги. Ова е најјасен доказ за заробеноста на институциите од корупцијата и неспособноста на актуелната влада да обезбеди чиста и функционална администрација. ДУИ ќе продолжи да биде гласот на граѓаните и да разоткрива секој обид за злоупотреба на власта од страна на неспособни и корумпирани функционери“, пишува во партиското соопштение на ДУИ.

Зачлени се на нашиот е-билтен