Калајџиев на фб: Не сум оптимист дека истрагата ќе биде професионална, има селективност во апсењата

Универзитетскиот професор по кривично право, Гордан Калајџиев, на својот фб профил објави дека не е оптимист во врска со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“, во Кавадарци, во кој животот го загубија 59 млади луѓе а над 160 се повредени.

Во фб објавата, Калајџиев напиша:

„Јас не сум толку оптимист за досегашните истраги како други, главно заради пет работи:

1. Многу се меша премиерот лично, и ја користи за политички поени а особено да избегне лична морална одговорност;

2. Рано е да се заклучи дали професионално е одработено;

3. МВР и Јавното обвинителство, тераат не многу координирано (МВР скока како прле пред магаре), ЗКП јасно кажува дека за кривични настани пресовите ги води ЈО;

4. Селективност во сомничењата со апсење на претходните функционери; и

5. Притвори под притисок на јавноста а не од легални причини и тоа пред медиуми со лисици и сл. што ветуваа дека нема да го прават…“, напиша Калајџиев на својот фб профил.

Зачлени се на нашиот е-билтен