Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Одбраната на Алепо пробиена од сириските џихадисти

Сириските џихадистички милиции денеска ја пробија одбраната на вториот по големина сириски град Алепо, детонирајќи два автомобил-бомби, а сега таму се борат со владините сили, велат борци и воени набљудувачи.

Вооружените групи со денови се приближуваа кон Алепо, освојувајќи населби на нивниот пат. Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека членовите на групите активирале два автомобили-бомби во западниот раб на градот.

На снимката од обраќањето на исламистички командант што кружи на социјалните мрежи, граѓаните на Алепо беа повикани да соработуваат со нивните сили кои напредуваат.

Зачлени се на нашиот е-билтен