Ретка слика на Бенкси е продадена за 5 милиони евра

Ретка слика на познатиот уличен уметник Бенкси, инспирирана од платно на неодамна починатиот шкотски сликар Џек Ветриано, е продадена за речиси 4,3 милиони фунти (повеќе од пет милиони евра).

Наречена „Сурова нафта (Ветријано)“, а понекогаш и „Токсична плажа“, сликата беше продадена во аукциската куќа Сотби.

Сликата првпат беше претставена на голема изложба на делата на уличниот уметник во 2005 година.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дата центри - дали сте информирани, дали поддржувате?