Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Украина го уапси главниот психијатар на армијата за воено профитерство

Украина го приведе главниот психијатар на својата армија под обвинение за „незаконско богатење“. Наводно незаконски се стекнал со околу еден милион евра, пишува денеска хрватски Индекс.

Службата за безбедност на Украина (СБУ) соопшти дека главниот психијатар на армијата одлучувал дали поединците се способни за воена служба. Во соопштението на SBU не се споменува неговото име, но маж по име Олех Друз претходно бил идентификуван како главен психијатар на украинските вооружени сили.

Друз поседувал три стана во и околу Киев, еден во Одеса, две парцели и неколку луксузни автомобили БМВ. Инспекторите пронајдоа 152.000 долари и 34.000 евра во готовина при претрес на имотот. Во соопштението се нагласува дека мажот не го пријавил имотот, туку тој бил заведен на име на неговата сопруга, ќерки, синови и други лица.

Му се закануваат десет години затвор. Тој веќе беше суспендиран во 2017 година бидејќи не ги пријавил своите два џипа теренци и неколку имоти.

Украина долго време се бори со системска корупција. Во мај, украински пратеник беше обвинет за проневера на 260.000 евра, додека во 2023 година, повеќе од 30 воени офицери обвинети за земање мито и шверцување луѓе надвор од земјата беа отпуштени во антикорупциска чистка.

Минатата година, украинскиот парламент гласаше за укинување на воено медицинските комисии, откако неколку функционери беа обвинети за примање мито во замена за ослободување од воена служба.

Зачлени се на нашиот е-билтен