Бугарската претседателка Илијана Јотова со воодушевување ја поздрави одлуката Бургас да биде домаќин на Евровизија 2027, оценувајќи дека градот добива голема можност да се претстави пред европската публика и да привлече илјадници посетители.
„Имаме неверојатна шанса да го покажеме бугарското гостопримство, да ги запознаеме гостите со културно-историските традиции на градот и земјата и да ги привлечеме како туристи на Црното Море“, порача Јотова на Фејсбук.
Таа потсети и на долгата музичка традиција на Бургас, додавајќи дека градот сега добива можност да биде домаќин на еден од најголемите телевизиски музички настани во Европа.
„Чудата доаѓаат со љубовта кон бугарското море и родниот брег“, напиша Јотова, посакувајќи им успех на жителите на Бургас во подготовките.
Бургас беше избран од Бугарската национална телевизија и Европската радиодифузна унија за домаќин на Евровизија 2027. Големото финале ќе се одржи на 15 мај во „Арена Бургас“, а полуфиналните вечери се закажани за 11 и 13 мај.
