Лекарите се борат за животот на момче што настрада од струен удар додека правел ТикТок видео

Петнаесет годишното момче кое вчера настрада од струен удар во ранжирната железинчка станица во Железник во Србија, се’ уште е во тешка состојба, а лекарите во Заводот за здравствена заштита на мајки и деца „Д-р Вукан Чупиќ“, каде момчето било примено по несреќата, се борат за неговиот живот.

Според неофицијални информации што ги пренесуваат медиумите во Србија, момчето се здобило со изгореници на над 90 отсто од телото.

Како што веќе пишуваа медиумите, момчето се качило во воз за да направи селфи, но во еден момент го удрило струен удар.

Покрај него, на местото на настанот имало уште двајца петнаесетгодишници кои биле сведоци на грозоморниот настан, но тие не се качиле на вагоните.

Во меѓувреме се огласи и српската Железничка инфраструктура на Србија која преку официјално соопштение потврди дека момчето го удрило струен удар.

Зачлени се на нашиот е-билтен