Саичиќ: Новата влада ќе го одзема нелегално стекнатиот имот

Саичиќ

Формирањето на новата влада нема да се одолговлекува до крајните законски рокови, а меѓу првите мерки ќе бидат замрзнување и одземање на нелегално стекнатиот имот, најави кандидатот за пратеник од Студентската листа, академик Радомир Саичиќ.

Академик Саичиќ посочи дека целта е процесот на составување на извршната власт да заврши навремено, одговорно и без брзоплетост. Според него, со листа од 250 кандидати и широк круг надворешни соработници, нема да биде тешко да се изберат стручни кадри за раководење со институциите.

Тој нагласи дека целата Студентска листа дели заеднички приоритети околу кои не се очекуваат несогласувања, издвојувајќи ги владеењето на правото, борбата против корупцијата, ослободувањето на медиумите и економскиот развој.

Во првите 30 дена од мандатот, новата власт планира да обезбеди стабилност на девизниот курс, редовна исплата на платите и пензиите, како и сигурно снабдување со енергенси, пред се нафта, гас и непречено функционирање на електроенергетскиот систем.

Саичиќ најави и усвојување на нов буџет со зголемена транспарентност и пресврт во јавните расходи. Во првите 100 дена се планирани конкретни чекори за декриминализација на државниот апарат, реструктуирање и професионализација на јавната управа.

Како клучен почетен чекор Саичиќ ги посочи институционалните промени на врвот на организираниот криминал и јавното објавување на сите договори. Нелегално стекнатиот имот најпрво ќе биде блокиран до завршување на постапките, за кои очекува брза правна разрешница бидејќи финансиските текови секогаш оставаат трага.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?