Мик Шумахер би дал сè за да може да разговара со татко му

Разговор за трките, за одлуките зад воланот и за искуствата што сега ги разбира и самиот. Токму тоа му недостига на Мик Шумахер во односот со татко му, седумкратниот светски првак во Формула 1, Михаел Шумахер.

За ова Мик зборува во документарниот филм „Schumacher“.

Во филмот објаснува дека со татко му би се разбирале поинаку откако и самиот станал професионален возач. Би можеле да споделуваат многу повеќе, затоа што ги поврзува истиот јазик, јазикот на мотоспортот.

„Би се откажал од сè само за тоа“, вели Мик.

Кога Михаел ја доживеа тешката скијачка несреќа во францускиот Мерибел, на 29 декември 2013 година, Мик имаше 14 години. Во документарецот зборува и за чувството дека останал без дел од моментите што другите деца ги доживуваат со своите родители додека растат.

Во меѓувреме, тој изгради сопствена тркачка кариера. Во 2018 година стана европски првак во Формула 3, а во 2020 ја освои Формула 2. Следуваа две сезони во Формула 1 со Хас, настапи во трките на издржливост со Алпин, а во 2026 година возеше во американската серија Индикар за „Рејхол Летерман Лениган Рејсинг“.

Во семејните сеќавања што ги споделува, татко му е присутен и надвор од тркачките патеки. Мик се присетува на возењето картинг низ селото, јавањето понија и времето што го поминувале заедно со мајка му Корина и сестра му Џина-Марија. Токму тие спомени, раскажува, го прават среќен.

Корина во истиот филм објаснува дека приватноста отсекогаш му била важна на Михаел и дека семејството настојува да ја зачува. Документарецот нуди лични сведоштва за нивниот живот по несреќата, а повторното објавување на овие изјави не претставува нова информација за неговата здравствена состојба.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?