Србија повторно ќе гласа, претседателски избори најдоцна до 27 декември

Србија

По парламентарните избори на кои победи Студентската листа, Србија се подготвува за уште едно гласање. Претседателските избори треба да се одржат најдоцна до 27 декември, по оставката што Александар Вучиќ ја поднесе на 27 септември.

Ана Брнабиќ, која привремено ја извршува претседателската функција, денеска во Белград повика новото парламентарно мнозинство што побрзо да ги формира институциите и да ја преземе одговорноста за управувањето со државата.

„Оние што победија на изборите нека сега преземат одговорност, тоа е најмалку што го заслужи оваа држава“, рече Брнабиќ.

Таа ги повика победниците да ги почитуваат Уставот и законите, а смените на функционерите да ги спроведуваат низ законски постапки. Притоа обвини дека граѓани се изложени на малтретирање и дека се понижуваат институциите.

Брнабиќ додаде дека, доколку новите институции бидат брзо формирани, претседателската должност привремено би можел да ја преземе некој друг. Според Уставот на Србија, кога претседателскиот мандат завршува предвреме, функцијата ја презема претседателот на Народното собрание.

Во изјавата што ја пренесува агенцијата Бета, Брнабиќ зборува за распишување претседателски избори до 27 декември. Сепак, според правилата објавени од Републичката изборна комисија, тоа е крајниот рок за одржување на гласањето.

Од распишувањето до изборниот ден мора да поминат најмалку 30, а најмногу 60 дена. Тоа значи дека изборите треба да бидат распишани најдоцна до 27 ноември за да се запази декемврискиот рок.

Вучиќ ја напушти претседателската функција пред парламентарните избори, со намера да учествува во кампањата и да стане премиер доколку неговата Српска напредна странка обезбеди мнозинство. По победата на Студентската листа, претстојното претседателско гласање ќе биде следниот изборен тест во Србија.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Никаков ефект - нашите млади веќе се спремаат да се иселат 800 (42%)
42 %
Само партиска козметика - партиите во МК ќе измислат свои „студентски крила“ за да го скротат бранот 421 (22%)
22 %
Ќе ги охрабри младите - политиката не е резервирана само за „старите играчи“ 346 (18%)
18 %
Паника во власта - политичарите ќе нудат бенефици за да пресретнат револт 322 (17%)
17 %

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Никаков ефект - нашите млади веќе се спремаат да се иселат 800 (42%)
42 %
Само партиска козметика - партиите во МК ќе измислат свои „студентски крила“ за да го скротат бранот 421 (22%)
22 %
Ќе ги охрабри младите - политиката не е резервирана само за „старите играчи“ 346 (18%)
18 %
Паника во власта - политичарите ќе нудат бенефици за да пресретнат револт 322 (17%)
17 %