Сцените од Крагуевац и Сремска Митровица се двете непомирливи реалности во Србија

Вчера во Крагуевац на Сретење се одржа величествен собир на студенти и граѓани, како и митинг на СНС во Сремска Митровица. Кога се’ се заврши, останаа два сосема различни впечатоци, пишува денеска порталот Нова.рс.

Под наслов Ајде да се сретнеме во Сретење, студентите организираа голем собир во Крагуевац на 15-ти февруари. Реки граѓани го поплавија најголемиот град во Шумадија. На паркинзите на периферијата на градот има автомобили со регистарски таблички од цела Србија, од Нови Сад до Ниш. Блокадата траеше 15 часа, а за тоа време, огромна маса на луѓе кружеше низ сите поголеми градски улици, не само на булеварот Лепенички каде беше официјално организиран собирот.

Моќна енергија го исполни целиот град Крагуевац, луѓето неуморно шетаа по улиците во студот, правеа врева, се дружеа и пред се испратија силна порака дека дојде времето за промени.

Од друга страна, државниот врв организираше митинг во Сремска Митровица на кој со автобуси беа носени симпатизери на СНС од различни краеви, главно уценети и платени.

А што се случува кога ќе завршат два такви собири?

Од една страна, Крагуевац останува целосно чист по неверојатните гужви, речиси како да нема никој.

Од друга страна, Сремска Митровица синоќа личеше на депонија.

Секакво ѓубре беше оставено насекаде, обезличувајќи го градот. Граѓаните особено ги налути тоа што кон крајот насобраните ги фрлија српските знамиња што ги добија на митингот.

И еве, накратко, се двете реалности на Србија – едната културна, самосвесна, копнеж за подобар живот, а другата лошо воспитана, немилосрдна, без чувство за основното.

Зачлени се на нашиот е-билтен