Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Силен земјотрес со јачина од 4,8 степени ја погоди Света Гора

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтер бил регистриран денеска по 18 часот на Света Гора, со епицентар на 12 километри северозападно од Кареја.

Земјотресот бил почувствуван и во Солун, како и во други градови на северот на Грција.

Засега нема информации за материјална штета или повредени лица.

Според првичните извештаи, не се забележани сериозни последици од земјотресот.

Зачлени се на нашиот е-билтен