Уапсен и таткото на ученикот што пукаше во училиште во Крагуевац

Српската полиција го уапси и 49-годишниот татко на ученикот осомничен за пукањето во Првото техничко училиште во Крагуевац. Според МВР, таткото се сомничи за незаконско поседување оружје што неговиот 17-годишен син го употребил во училиштето.

Во настанот, пријавен утрово околу 8 часот, повредени се две вработени. Едната била погодена во ногата, додека другата добила повреда од скршено стакло. Од Универзитетскиот клинички центар во Крагуевац соопштиле дека двете се во стабилна состојба и засега нема потреба од итна операција.

Нема повредени ученици, а сите биле безбедно евакуирани.

Малолетникот е осомничен за обид за тешко убиство. Полицијата соопшти дека го совладала и уапсила шест минути по првичната пријава, во соработка со училишниот полицаец.

За таткото е најавено задржување до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежното обвинителство. Малолетникот, по сослушувањето, ќе биде спроведен кај судија за малолетници.

Полицијата и обвинителството ги утврдуваат околностите, вршат претреси и собираат докази.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?