Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вучиќ се откажа и од Законот за „странски агенти“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва најави дека „од неколку причини“ нема да го прифати предлогот за закон за „странски агенти“ поддржан од пратениците на Социјалистичкото движење на чело со вицепремиерот Александар Вулин, пренесе Н1.

Во обраќањето од Претседателството на Србија во Белград, Вучиќ рече дека нема да го прифати тој предлог, иако, како што рече, многу пратеници на Српската напредна партија (СНС) сметаат дека има „многу добри елементи“ во предлогот на актот кои беа преземени од американското, западноевропското и руското законодавство.

Во предлог-законот, поднесен на крајот на ноември од Бојан Торбица и Ѓорѓе Комленски, членови на пратеничката група на Српската напредна партија (СНС), се наведува дека агенти на странско влијание се сметаат „сите здруженија и непрофитни организации кои најмногу финансираат или на друг начин помагаат други држави, нивните тела, меѓународни и странски организации, странски државјани или регистрирани невладини организации финансирани од странство“.

Зачлени се на нашиот е-билтен