Мира Андрејева, новата кралица на тенисот во Париз

Андрејева

Русинката убедливо ја победи Полјачката Маја Хвалински и ја освои првата Гренд Слем титула во кариерата. На Ролан Гарос таа загуби само еден сет.

Русинката Мира Андрејева е новата шампионка на Ролан Гарос.

Андрејева убедливо ја победи Полјаката Маја Хвалински со 2:0 во сетови (6-3, 6-2), која беше рангирана како само 114-та тенисерка во светот пред Гренд Слемот на париска земјена подлога.

Русинката, моментално осма во светот, го заврши Отвореното првенство на Франција со само еден загубен сет, во второто коло против Шпанката Басолс.

Како што одминуваше турнирот, таа играше сè подобро и подобро, а во полуфиналето ја надмудри Украинката Костјук.

Со 19 години и 39 дена, Мира Андрејева е првата тинејџерка што освоила титула во поединечна конкуренција на Отвореното првенство на Франција од Ига Швионтек во 2020 година.

Таа е исто така и најмладата шампионка на Ролан Гарос откако 18-годишната Моника Селеш ја освои својата трета последователна титула во 1992 година.

„Го гледав Ролан Гарос уште како дете и тоа беше мој сон да победам тука.“

„Не можам да верувам дека го држам овој трофеј токму сега“, рече Андрејева, прегрнувајќи го трофејот во нејзината тренерка, на која пишуваше: „Сакам да си се заблагодарам. Мира“.

Таа ѝ оддаде почит на својата противничка, велејќи дека игра тежок тенис и дека се надева дека ќе игра повеќе финалиња во иднина.

Во својот говор, таа зборуваше и на руски, заблагодарувајќи им се на своите фанови што ја бодреа и ѝ испраќаа пораки.

Настапот на втората финалистка Маја Хвалинска на турнирот во Париз е за филмот.

Таа пристигна во Париз рангирана на 114-то место во светот, а во главната ждрепка влезе преку три квалификациски рунди.

Потоа, таа последователно ги победи тенисерките кои имаат многу подобар ранг од неа, вклучувајќи ја Русинката Калинскаја во четвртфиналето и Шнајдер во полуфиналето.

Погледнете ја галеријата со нејзиниот триумф.

Најчитано