Навивачи на Борац се судрија со полицијата во Атина, 11 уапсени

Единаесет навивачи на босанскиот фудбалски клуб Борац од Бања Лука се уапсени по судирите со полицијата во центарот на Атина, во кои е повреден еден полицаец. Инцидентот се случил рано утрово, пред натпреварот меѓу Панатинаикос и Борац, соопшти грчката полиција.

Според полициските информации, околу 150 навивачи на Борац се движеле низ центарот на Атина, попречувајќи го сообраќајот на улицата Лиосион. Дел од групата носел камења, сигнални ракети, железни шипки и други предмети.

Кога полициските службеници од специјалната единица ДРАСИ пристигнале на местото, навивачите почнале да фрлаат предмети кон нив, по што дошло до судир.

Полицијата интервенирала за да спречи понатамошни напади и привела 11 лица.

Во судирите е повреден еден полицаец, кој бил пренесен во болница за укажување прва помош. Оштетена е и полициска опрема, како и стакла и маси и столови од хотел во близина на местото на инцидентот.

При увидот полицијата пронашла и запленила четири железни шипки и една активирана рачна сигнална ракета. Предметите ќе бидат испратени на лабораториско вештачење.

Против уапсените е поведена постапка за напад врз полициски службеници, а тие ќе бидат изведени пред надлежното обвинителство.

Инцидентот се случува неколку часа пред европскиот фудбалски натпревар меѓу Панатинаикос и Борац од Бања Лука, поради кој босанските навивачи пристигнале во грчката престолнина.

Грчките власти во изминатите години ги засилија мерките против навивачкото насилство, особено по серијата тешки инциденти поврзани со фудбалски натпревари.

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?