Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Астронаутката на НАСА која „заглави“ осум месеци во вселената – Заборавив да одам

Астронаутката на НАСА, Сунита Вилијамс (59), по осум месеци во вселената признава дека ѝ е тешко да изведува основни физички активности.

„Овде сум долго време и во моментов се обидувам да се сетам како е да се оди. Не одев, не седев или лежев“, изјави Вилијамс во видео повик со студенти од Масачусетс.

Таа и нејзиниот колега Бери Вилмор (62) заминаа на 5 јуни во мисија што требаше да трае осум дена, но поради технички дефекти на капсулата Боинг Старлајнер нивниот престој на Меѓународната вселенска станица се продолжи на осум месеци. НАСА ја прогласи капсулата за небезбедна за враќање, поради што астронаутите ќе мора да се вратат со Crew-9 на SpaceX.

Микрогравитацијата има сериозно влијание врз телото – коските губат густина, а мускулите слабат поради недостаток на гравитациски отпор. Според НАСА, астронаутите по долги мисии често не можат веднаш да одат самостојно.

Вилијамс и Вилмор треба да се вратат на Земјата во март, со што нивната мисија ќе трае десет месеци – два месеци подолго од стандардните мисии на ИСС.

Зачлени се на нашиот е-билтен