Бројот на загинати од земјотресот во Тибет се искачи на 95 лица

Земјотрес со јачина од 6,8 степени денеска го погоди северното подножје на Хималаите во близина на светиот град во Тибет, при што загинаа најмалку 95 лица. Потресот бил силно почувствуван во Непал, Бутан и Индија, јавуваат кинеските власти.

Земјотресот, чии епицентар беше лоциран во Тингри на длабочина од 10 километри, предизвика значителни штети. Според кинеската државна телевизија, 130 лица се повредени, а најтешко погодени се селата Чангсуо, Куло и Цуого во округот Дингри.

Соседниот Непал соопшти дека нема пријавени жртви, но властите се мобилизирани за проценка на штетите.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?