„Доста е! Цивилите страдаат“ – Гутереш порача пред ОН

Гутереш
Kremlin.ru, CC BY 4.0 , via Wikimedia Commons

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска пред Генералното собрание на ОН предупреди дека конфликтите низ Блискиот Исток се поврзуваат и дополнително ја продлабочуваат нестабилноста во регионот.

Според него, таканаречените примирја сè почесто се сведуваат само на „намален интензитет на борбите“, додека цивилното население продолжува да ги трпи најтешките последици.

„Доста е“, порача Гутереш, повикувајќи ги светските лидери да работат на деескалација и воспоставување дијалог.

Во своето последно обраќање пред Генералното собрание во својство на генерален секретар, Гутереш предупреди дека меѓународната заедница не смее да ја игнорира, како што ја опиша, „катастрофалната ситуација“ на окупираната палестинска територија.

Тој нагласи дека сите страни мора да го почитуваат меѓународното право и предупреди дека насилството, раселувањето и проширувањето на израелските населби на окупираниот Западен Брег дополнително го отежнуваат патот кон мирот.

Гутереш предупреди и дека не смее да се дозволи решението со две држави да исчезне, оценувајќи дека неговото зачувување останува клучно за иднината на регионот.

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?