Европската унија нема да дозволи други нации да ги напаѓаат нејзините суверени граници, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи и за европски прашања Жан-Ноел Баро, одговарајќи на коментарите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд.
Трамп во понеделникот одби да отфрли воена или економска акција како дел од неговата отворена желба САД да ја преземат контролата врз Гренланд, како и врз Панамскиот канал.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека не верува дека САД ќе го нападнат огромниот арктички остров кој е дел од Данска повеќе од 600 години.
„Очигледно нема сомнение дека Европската унија би дозволила другите нации во светот да ги нападнат нејзините суверени граници, кои и да се тие“, изјави тој за радиото Франс Интер. „Ние сме силен континент“.
Коментарите на Трамп дополнително ја истакнаа експанзионистичката агенда, две недели пред да положи заклетва на функцијата на инаугурацијата на 20 јануари во Вашингтон.
„Ако ме прашувате дали мислам дека Соединетите Држави ќе го нападнат Гренланд, мојот одговор е не. Но, дали влеговме во временски период на преживување на најсилните? Тогаш мојот одговор е да“, рече Баро.
Тој рече дека ЕУ не треба да дозволи да биде заплашена или премногу загрижена, туку треба да се разбуди и да зајакне.