Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лукашенко на претседателски избори по нов мандат

Фото: kremlin.ru, CC BY 4.0, via Wikimedia Commons

Во Белорусија денес се одржуваа претседателски избори на кои покрај актуелниот претседател Лукашенко, има уште четворица кандидати.

Помеѓу луѓето кои ќе се обидат да го сменат Лукашенко се претседателот на Републиканската партија на трудот и правдата Александар Хижњак, претседателот на Либерално-демократската партија на Белорусија Олег Гајдукевич, претприемачката Ана Канапатска и првиот секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Белорусија, Сергеј Сиранков.

Сепак, нивните шанси за победа на изборите се минимални, бидејќи предизборните анкети покажаа поддршка од 82,5 отсто за Лукашенко.

ЦИК соопшти дека се акредитирани 456 меѓународни набљудувачи од 49 земји ширум светот, вклучително и 15 европски земји, како и земји од Африка, Азија, Латинска Америка и Заедницата на независни држави (ЗНД).

Во резолуцијата за Белорусија усвоена во средата, европратениците ги повикаа земјите од Европската унија да не ги признаваат резултатите од претседателските избори во таа земја и повикаа на проширување на санкциите против Минск.

Европскиот парламент на својата веб страница ја потврди својата поддршка за белорускиот народ во неговата борба за демократија и човекови права и повика на „одржување слободни и фер избори во Белорусија“. 

Зачлени се на нашиот е-билтен