Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Нетанјаху: Ќе се бориме со Хутите додека не ја завршиме работата

Фото: World Economic Forum / Valeriano Di Domenico/Flickr

Израел ќе ја продолжи борбата со Хутите во Јемен „додека не се заврши работата“, најави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Во меѓувреме, агенциите ги пренесоа извештаите на телевизијата на Хутите, Ал Масира дека во израелските напади загинале најмалку три лица, а повеќе од десет се ранети.

Две лица загинаа во нападите на меѓународниот аеродром Сана во главниот град на Јемен, а уште едно лице загина во пристаништето Рас Иса. Во тие напади беа ранети 11 лица.

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, исто така соопшти дека бил на аеродромот во Сана кога бил нападнат.

„Пред кратко време, воздухопловните сили ги нападнаа целите на терористичката организација Хути во Јемен, на брегот и во Сана“, рече Нетанјаху во видео најава од командниот центар во штабот на израелската армија во Тел Авив.

„Решени сме да ја отсечеме таа терористичка рака на иранската оска на злото. Ќе истраеме додека не ја завршиме работата, додаде Нетанјаху“, пренесуваат израелските медиуми.

Тој ги надгледуваше нападите заедно со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на армијата Херц Халеви и командантот на воздухопловните сили Томер Бар.

Кац најави дека Израел ќе ги гони сите лидери на Хутите по, како што рече, „прецизните акции на израелските воздухопловни сили кои погодија стратешки цели во Јемен, на аеродромот и на пристаништето“.

Зачлени се на нашиот е-билтен