Синот на норвешката принцеза е осуден на 4 гидини затвор за силување

принцеза

Синот на норвешката принцеза Мета Мартин, Мариус Борг Хојби, е осуден на четири години затвор за силување.

Тој беше прогласен за виновен по две од четирите точки на обвинението за силување против него, а ослободен од преостанатите две.

Тој беше осуден и за напад и злоупотреба во блиски врски. Покрај затворската казна, на Хојби му беше наредено да им исплати отштета на жртвите.

Хојби беше обвинет за сексуален напад врз четири жени помеѓу 2018 и 2024 година.

Тој се соочи со вкупно 40 кривични пријави, вклучувајќи некои за помали прекршоци како што се напад, прекршоци поврзани со дрога и кршење на забрана за приближување.

Хојби ги негираше обвинувањата за силување, но призна неколку помали прекршоци.

Обвинителите побараа казна од седум години и седум месеци затвор за Хојби, додека адвокатите на одбраната тврдеа дека тој треба да биде ослободен од обвиненијата за силување и да добие максимум 18 месеци за злосторствата што ги признал.

Пресудата не е конечна и Хојби може да поднесе жалба.

Случајот привлече меѓународно внимание поради поврзаноста на Хојби со кралското семејство.

Иако нема кралска титула или службени должности, тој е син на крунската принцеза Мета-Марит од нејзината врска пред нејзиниот брак со крунскиот принц Хакон, наследникот на норвешкиот престол, и пораснал во домаќинството со идниот крал.

Најчитано