Агелер: Граѓаните мора да гласаат и да го изберат кандидатот што ги одразува нивните соништа за иднината

„Гласачите мора да бараат од кандидатите детални планови за иднината и гласачите откако ќе се информираат, треба да гласаат. Мора да гласаат и да го изберат кандидатот што ги одразува нивните соништа за иднината, бидејќи ништо не се случува случајно и ништо не се постигнува со останување дома“, рече американската амбасадорка Ангела Агелер за ТВ24.

Таа додаде дека во земјава има доста гласачи кои се откажале, кои не сакаат да гласаат, но според неа тоа не е вистинскиот одговор.

Амбасадорката Агелер исто така кажа дека дека се свесни за руското влијание преку медиумите, рекламите, социјалните мрежи и троловите, но истакна дека важна е едукацијата.

„Што прават луѓето и што гласачите одлучуваат? Единствениот начин за борба против дезинформациите е едукацијата“ рече Агелер.

„И во САД имаме проблеми со дезинформациите, затоа е важно гласачите да бараат од кандидатите детални планови за иднината и тие гласачи, откако ќе се информираат, да гласаат“, посочи Агелер.

Таа додаде дека се свесни за руското влијание преку медиумите, рекламите, социјалните мрежи и троловите, но истакна дека важна е едукацијата.

Треба да знаете
Moже да ве интересира