Агим Винца и Амет Селмани се добитници на наградата „22 Ноември“

Државната награда „22 Ноември“, која што се доделува како признание за личности од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале особен придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и религии им се доделува на Агим Винца, истражувач и писател и на Амет Селмани, писател, ја соопшти Министерството за култура одлуката на Одборот за доделување на државната награда.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 22 ноември 2023 година (среда ) во 12.00 часот во Собранието на Република Северна Македонија.                                                                              

Треба да знаете
Moже да ве интересира