Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

[ВИДЕО] Агресија и насилство – Пратениците на Левица дивееја во Собрание и физички го нападнаа Мисовски

Левица демолираше државен инвентар, имот на народот на Северна Македонија и направија голема материјална штета со оштетување на инвентар и опрема со крешење монитори и микрофони во законодавниот дом.

До агресивниот инцидент дојде откако Левица повика да биде прекината седницата откако претседателот на Собранието Талат Џафери, посочи дека се поднесени 2461 амандмани од пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов кои не се уредни. Како што рече џафери, 12 амандмани се уредни, а останатите не. Тој додаде дека три амандмани поднеле и пратениците Бедри Фазли и Илија Николовски и дека истите се уредни.

На оваа одлука пратениците на Левица Апасиев и Крмов кои рекоа дека нивните амандамни не се ни доставени и дека немаат архивски број и побара да биде кажано по кој основ се отфрлени. 

Претходно Димитар Апасиев побара да се тргне првата точка од дневен ред односно Предлог Деловникот. Против овој предлог гласаа 82 пратеници и истиот не беше усвоен.

Апасиев во своето процедурално обраќање посочи дека Левица поднесе над 2.000 амандмани за да спречи носење на штетен и недемократски Деловник, со кој се укинува „филибастеринг“.

Незадоволни од оваа одлука, пратениците на Левица, прво Крмов, а потоа и Апасиев настапија со агресија и насилство на говорницата со кршење на инвентарот и компјутерската опрема и фрлаа со шишиња и хартија кон потпретседателот на Собранието Горан Мисовски кој го презеде претседавањето со седницата затоа што претседателот Џафери се повлече бидејќи е предлагач на измените на Деловникот за работа на Собранието.

Еве го видеото од насилното однесување на пратениците на Левица Апасиев и Крмов. Насилното однедување започнува на 1:33:47:

Еве каков хаос оставија зад себе насилниците од Левица.

Со истото насилничко однесување пратениците на Левица продолжија и по двата прекина на седницата.

Треба да знаете
Moже да ве интересира