Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Албанската ЦИК распредели над 3.3 милиони евра на политичките партии за годинава, најголем износ за СП

Централната изборна комисија (ЦИК) на Албанија ги распредели средствата наменети за политички партии за 2024 година.

Средствата во износ од 345,6 милиони леки (3.323.076 евра) се распределени на 11 политички партии.

Политички субјект кој добива највисок износ на средства е Социјалистичката партија, чиј лидер е Еди Рама, околу 1,5 милиони евра, а по неа е Демократската партија, на Љуљзим Баша, со над милион евра.

Партијата на слободата на поранешниот шеф на државата, Илир Мета добила 149 илјади евра, по што следуваат другите помали партии кои добиваат од 59,6 илјади до 118 илјади евра.

Партиите ги добиваат средствата откога ќе ги поднесат финансиските извештаи за 2023 година.

Во објавениот преглед се гледа дека побројното крило на Демократската партија, предводено од Сали Бериша, познато како иницијатива „Обнова на ДП“ не е опфатено во распределбата. Тоа поради фактот што како легитимен претставник на партијата во судскиот регистар е Баша, што го признава и ЦИК. На „Обнова на ДП“ ЦИК не и го призна правото да учествува на ланските локални избори, па кандидатите на Бериша настапија под името на Партијата на слободата.

Зачлени се на нашиот е-билтен