Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Анкета на „Фокус“: Ковачевски најпопуларен политичар

Додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ е зафатена со внатрепартиски битки помеѓу актуелниот претседател, Христијан Мицкоски и пораншениот, Никола Груевски, рејтингот на премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски е во постојан раст.

За неполни две години од седнувањето на „жешкото столче“ станува најпопуларен политичар во земјава, покажува последната анкета на „Фокус“.

Според резултатите од анкетата, Ковачевски е омилен политичар на 12,8 отсто од испитаниците, со што е попопуларен од Груевски и Мицкоски, кои имаат 11,1 и 10,5 отсто поддршка од граѓаните.

Успешното справување со енергетската и економската криза очигледно го подигнаа рејтингот на премиерот Ковачевски.

Од друга страна, внатрешниот раздор и јавните расправии помеѓу актуелниот и поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Груевски, покажуваат намалување на рејтингот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Откако Никола Груевски и Христијан Мицкоски започнаа да се препукуваат во јавноста, започна да слабее рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, но и видлив стана раздорот и можноста за нова политичка опција поддржана од Груевски.

Според последната анкета на „Фокус“, прва по раздорот во ВМРО-ДПМНЕ, Груевски ужива поголема доверба од Мицкоски, што само ги засилува шпекулациите дека експремиерот би можел да поддржи нов политички субјект кој ќе настапи со сопствени листи на изборите.

Треба да знаете
Moже да ве интересира