Авион принудно слетал во Приштина поради пијана патничка

нискобуџетни
Mark Harkin, CC BY 2.0 , via Wikimedia Commons

Минатата среда на летот на „ИзиЏет“ од Лондон до Анталија, Турција, избувнала тепачка, поради што авионот бил принуден да слета во Приштина. Тепачката избувнала откако патничка, која пиела вотка од шише, плукнала во лицето на друг патник, објавува „Дејли меил“ .

Видеото, кое го снимил еден од патниците, ја прикажува жената, за која се верува дека е Британка, како се обидува физички да се пресмета со друг патник преку ходникот. Стјуардесата интервенирала за да ја смири ситуацијата, по што обезбедувањето испратило маж и жена од авионот.

Авионот на нискобуџетната компанија, кој полетал од аеродромот Гетвик, бил пренасочен околу 1.000 километри од планираната рута. На меѓународниот аеродром во Приштина, полицијата влегла во авионот и ги придружила двајца патници, маж во зелена маица и жена во розова.

Според сведоците, жената во розова облека пиела вотка директно од шишето пред да нападне друг патник. Сведокот, исто така, тврди дека му плукнала во лице за време на расправијата. Во друго видео, патник вклучен во инцидентот се гледа како вербално го навредува лицето кое го пријавило нивното однесување на стјуардесата.

„Седев зад нив и си гледав своја работа кога одеднаш слушнав викање и врева. Погледнав нагоре и не можев да поверувам што се случува, беше сосема лудо. Се караа жестоко и се пцуеја еден со друг. Сите беа малку исплашени, се чувствувавме беспомошно и ни беше жал за персоналот.“

„Решив да го снимам, во случај да ми требаат докази, но и заради сопствена безбедност“, изјави еден од сведоците за „The Sun“. Летот на крајот продолжи кон Анталија, каде што слета со три часа задоцнување.

Зачлени се на нашиот е-билтен