Бајден говорот пред СБ на ОН го посвети повеќе на интеграцијата со глобалниот Југ а помалку на војната во Украина

Претседателот на САД, Џо Бајден во своето обраќање на 78. Генерално собрание на ОН истакна „најважно за решавање на предизвиците на денешницата е глобалото единство, знаеме дека нашата иднина е поврзана со вашата“. 

Бајден рече дека САД „го засилија Г-20 како витален форум со прифаќањето на Африканската Унија како постојан член“. 

Во својот говор тој се повика на „пресвртна точка во светската историја“, со референца дека се води битка меѓу демократијата и автократијата, една од неговите омилени фрази, земајќи си улога на историска личност. 

-Народе, соработка и партнерство. Ова се клучевите за пргрес во предизиците кои сите нас не засегаат, порача Бајден. 

Во својот говор тој ја истакна и потребата од справување со климатските промени. Во врска со Кина, Бајден се спротистави на идејата за натпревар во стилот на Студената војна , истакнуваји ги „општите ефекти“ и другите предизвици. 

-Со Кина бараме де-рискирање, не одвојување, истакна тој, употребувајќи го познатиот манир на израз на неговата администрација кога се зборува за политиката во однос на Кина. 

За разлика од обраќањето лани, кога Украина беше главна тема, Бајден овојпат посвети значително помалку време на војната, рефлектирајќи го расположението на многу неврзани за Западот земји кои не веруваат дека Украина треба постојано да доминира со глобалната агенда. 

Интересно е да се напомене дека тој Украина ја спомена некаде кон средината на говорот, дури после делот посветен за Африканската Унија. Но, сепак изрази подршка за продлжување на помошта за Киев во неговите обиди да го одбрани својот суверенитет и територијален интегритет од руската агресија. 

Бајден исто така посвети карактеристично малку време и за Иран, а ден по размената на затвореници со Техеран. Тој само кажа дека Иран не смее никогаш да добие пристап до нуклеарното оружје.  

Не спомена низа други проблеми како снабдувањето со дронови за Русија за војната во Украина и прекршувањето на човековите права и посебно на жените за време на протестите. Најверојатно ова е дел од напорите меѓу Вашингтон и Техеран да се разлабават затегнатите односи.

Треба да знаете
Moже да ве интересира