Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битиќи: Граѓаните нема да плаќаат поскапа електрична енергија со нас, какви планови имаат другите не знам

„Јас можам да кажам што јас и моите колеги од партијата ќе направиме. Граѓаните нема да платат поскапа електрична енергија со нас. Можеби некој друг ќе ја зголеми, но јас знам каква одлука ќе донесеме на 30 јуни“, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „Аргумент плус“ на ТВ24 запрашан за продолжување на субвенциите за електрична енергија.

Тој објасни дека над 80 отсто од цената на електричната енергија што ја добиваат граѓаните е субвценионирана, односно платена од страна на државата.

„Ако во сметката за потрошена електрична енергија сумата е 2000 денари тогаш 1680 денари е субвенциијата од државата. Да ја нема би платиле 3680 денари, а плаќате 2000. Тоа е разликата“ објасни Битиќи.

Четири приватни стратешки инвестиции во енергетиката вредни 800 милиони евра влегуваат во Собрание

„Оваа недела во собраниска процедура се влезени четири стратешки инвестиции во делот на енергетеиката. На 7 февруари во Собрание се на двневен ред. Зборуваме за четири големи инвестиции од околу 800 милиони евра кои ќе ни помогнат во енергетската транзиција“, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „Аргумент плус“ на ТВ24.

Тој додаде дека освен овие четири инвестиции во енергетиката има уште три-четири стратешки инвестиции кои биле преговарани, но не успеале да стигнат до завршна фаза.

„Изминатите седум години се што било наша проекција за раст било реално. Дури и во најголемите кризи, од 2020 година со ковид кризата, па наваму, сакаме да сме реални. Немаме големи промашувања, затоа сум оптимист дека независно од трите месеци изборен период, растот годинава ќе биде околу три отсто“, нагласи Битиќи.

Тој додаде дека одредени проекти се почнати и независно од изборите ќе продолжат, бидејќи сите предуслови за нив се исполнети.

Реалните реформи и реалниот исчекор кон ЕУ ќе биде направен по 8 мај со формирање на владата од Европскиот фронт

„Сметам дека реалните реформи и реалниот исчекор ќе биде направен по 8 мај со формирањето на новата влада од европскиот фронт. Ги знаеме сите болки и во јавниот сектор и насекаде каде што треба да се интервенира и одредени активности се веќе започнати“, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „Аргумент плус“ на ТВ24.

Тој додаде дека следната влада ќе има поелсна задача за одредени реформи бидејќ веќе се започнати одредени активности.

„Треба уште мал временски период без кризи од надворешни влијание, за процесите да го дадат резултатот што сите го очекуваат“, нагласи Битиќи.

Вицепремиерот истакна дека потребна е европска влада која ќе има јасен мандат од неколку години и јасна ориентација, бидејќи во кризи не може да се прават реформи.

Треба да знаете
Moже да ве интересира